Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Од:

Наместо насмеани лица на воспитачките во градинките, во Струга дечињата ги пречекаа затворени врати – министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар. Причината зошто овие дечиња не се згрижени во градинка е недоволен број на стручен кадар – најголемиот проблем кој никако да се реши. Иако Министерот Фатмир Лимани најави дека посветено ќе работат за намалување на листите за чекање за упис во градинките, бидејќи секое дете е важно, реалноста кажува сосем друго, велат од Левица.

„За жал, бројот на вработените воспитувачки и негователки се намалува, а нивното место не се пополнува ниту по заминување во пензија, а поради тоа на повеќе дечиња им е ускратено правото да можат да бидат згрижени во градинка. Сите политички партии ветуваат дека ќе нема повеќе листи за чекање на прием во градинките и дека ќе се вработат доволен број на воспитувачки и негователки, но тоа останува само нереализирано предизборно ветување. Ваквиот нечовечки однос кон најмалите и најмилите жители на нашата држава е уште еден доказ дека оваа власт е исто толку ненародна колку што беше и Владата на СДС и ДУИ. Левица апелира за итно решавање на проблемот со обезбедување компетентен и стручен кадар и изнаоѓање решенија за згрижување на сите дечиња од т.н. ,,листи на чекање” – сè во интерес на најмалите, нивните родители и потесни семејства“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

А1он

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее