Експлозии одекнуваат во Киев додека сирените за воздушен напад се активирани во главниот град на Украина поради уште еден руски напад. Укринформ пренесува дека ова го соопшти воената управа на градот Киев.
– Продолжува тревогата за воздушен напад! Во главниот град делува противвоздушна одбрана. Останете во засолништа додека не заврши тревогата! – напиша на Телеграм Серхиј Попко, шефот на киевската администрација.
На истата социјална мрежа се огласи и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
– Во градот се активирани силите за противвоздушна одбрана. Останете во засолништа – изјави Кличко.