Модниот генијалец Карл Лагерфелд во соработка со Јапонскиот бренд Shu Uemura најави своја колекција на шминка.
Славниот дизајнер ништо не работи вообичаено па така и овој пат најавата за новата мејк ап линија е направена како цртан филм. Во забавниот филм се претставени боите на новата линија и маскотата Mon Shu Girl.
Иако Лагерфелд ја сака едноставноста, односно не е многу колоритен, што го покажува и неговиот стил на облекување, за соработката со јапонскиот бренд се одлучи за живи бои така да наесен не очекува шминка со неговиот потпис со живи бои како плава, зелена, жолта и фукси.