Во главниот град на Украина утринава одекнаа серија експлозии.
„Киев пост“ на официјалниот профил на социјалната мрежа Х објави дека Русите нападнале со комбинација од крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала камикази.
Се наведува дека штетата е предизвикана во киевскиот кварт Холосив.
„Киев Индипендент“ јавува дека неколку експлозии биле забележани во главниот град набргу откако се огласила сирената за воздушен напад околу 5.30 часот по локално време.