Полицијата денеска ги затвори патиштата во Честерфилд, откако лесен авион се урна во индустриска зона во англискиот град.
Скај њуз јавува дека полицијата во Дербишир известила дека инцидентот се случил нешто по девет часот утринава по локално време.
Британската полиција наведува дека се уште не е разјаснето дали има повредени.
На местото на несреќата се испратени возила на локалната противпожарна служба и брза помош.
Патиштата во непосредна близина се затворени и така ќе останат уште некое време додека трае истрагата за околностите на несреќата, соопшти полицијата.