(ВИДЕО) Попов: Фијаско на Филипче пред МОН, 20-тина партиски активисти протестираа

Од:

Фијаско на СДС пред МОН, само 20-тина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот. Кој го излизга Филипче со идејата за протест е нешто на кое што треба да си бара одговори самиот, изјави Сергеј Попов, пратеник, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ.

– Факт и реалност е дека СДС беа власт до пред 2 месеци, тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДС се лицемерни. Наставниот кадар не наседна на политиканството на СДС. Кога СДС беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците.

Сега сето тоа е различно ВМРО-ДПМНЕ го враќа дигнитетот на наставниот кадар, а платите ќе се зголемат од март 2025 година. Наставниците ја гледаат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ. Наставниот кадар ќе добие зголемување на платите во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, многу нови инвестиции во образованието и подобрување на неговиот квалитет – рече Попов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси