Левица: ДПМНЕ, ЗНАМ И СДС да се вразумат и да ја поддржат интерпелацијата за Гаши

Од:

На два дена пред собраниската седница на која ќе се најде Интерпелацијата за спикерот Гаши, СДС и ЗНАМ сѐ уште се немаат произнесено по истата. Намерата на ДПМНЕ да гласаат против Интерпелацијата и нивниот наратив дека „Гаши е подобар од Џафери“, ги цениме како крајно очајни, велат од Левица.

„Повторно им предочуваме дека на Македонското собрание и на Македонија не им треба некој со капацитет и дејанија споредливи со оние на Џафери, туку им треба целосно сосекување на необалистичките елементи и погубните практики. Потсетуваме дека Левица и во минатиот мандат беше иницијатор за интерпелации на тогашниот спикер Таљат Џафери, а за разлика од останатите политички субјекти, против него имаше поднесено и голем број кривични пријави и иницијативи до Уставниот суд.

Оттука, уште еднаш го повторуваме нашиот предлог до нив за избор на претседател на Собранието од пратеничката група на ДПМНЕ, со поддршка на пратеничката група на Левица. Интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, е заснована на седум точки:
1. Повреда на секуларноста на државата;
2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје;
3. Повреда на употребата на македонскиот јазик;
4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии;
5. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери;
6. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и
7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.

Но и покрај поднесената Интерпелација, спикерот Гаши продолжи со неговиот башибозлук и ја продолжи низата со нови скандали коишто во најмала рака повлекуваат политичка одговорност. Очигледно е дека Африм Гаши нема намера да прекине со неговата злоупотреба на положбата и за само три месеци мандат, дозволи сериозно нарушување на интегритетот на Собранието. Затоа, ги повикуваме парламентарните партии од македонскиот блок на вразумување и оправдување на довербата дадена од граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти