Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

Од:

Руските сили ја презедоа контролата врз селото Кирово во Доњецк, источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека единиците на воената група „Центар“ ја презеле контролата врз селото и продолжуваат да напредуваат во длабочината на одбраната на украинските војници, пренесе ТАС.

Руските сили, според Ројтерс, остваруваат големи придобивки во регионот на Доњецк додека украинските војници се обидуваат да напредуваат во руската област Курск по прекуграничната офанзива која започна на 6 август.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид