Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Од:

На вработените во Македонски олимписки комитет, платата и соодветните придонеси им доцнат и по неколку месеци, што говори за непрофесионалноста на претседателот на МОК, Даниел Димески велат од Левица.

– Уште поголем сомнеж за работењето на Димески е и фактот дека Јавното обвинителство има покренато предистражна постапка за наводните финансиски малверзации во самиот комитет. Но ова не е прв ваков случај во кој е споменат Димески. Покрај овие наводи, вреди да се напомене дека Димески е вмешан и во сомнителното доделување на закуп на имот на „Кале“. Освен тоа, до Јавното обвинителство беше покрената и друга постапка поврзана со спортот што се однесува на спортските ваучери, каде Антикорупциската комисија утврдила сомневања за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот за финансирање на спортски клубови и фондации. Поради сето ова, Левица бара од претседателот Димески да си поднесе оставка! Левица како политичка партија која се залага за транспарентност и правда, бара и итна истрага и одговорност за сите наводни злоупотреби и финансиски малверзации кои се случуваат во Македонскиот олимписки комитет! Јасно е дека е потребна промена на раководството за да се врати довербата на спортистите и јавноста во оваа институција, се вел ив осоопштеето од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна