Пирло повеќе не е тренер на Сампдорија

Од:

Италијанскиот стручњак Андреа Пирло повеќе не е тренер на Сампдорија, соопшти денеска второлигашот од Џенова.

„Сампдорија соопштува дека го разреши Пирло од функцијата селектор на првиот тим. Благодарам на тренерот и членовите на неговиот штаб Роберто Барони, Мауро Бертони, Никола Паварини и Рафаел Клементе за посветеноста и професионалноста покажана во периодот на работа во клубот“, стои во соопштението на клубот.

Пирло (45) седна на клупата на Сампдорија во јуни 2023 година, набргу откако финалистите од Купот на шампионите во 1992 година испаднаа во Серија Б. Во последната сезона, која Сампдорија ја започна со минус два бода, тој го предводеше тимот до седмото место и пласман во бараж за пополнување на Серија А, но клубот беше елиминиран веднаш на стартот од плеј-офот од Палермо.

Би можело да ве интересира

Пирло сака да работи во странство

А1он

Тројца „фаворити“ за напуштање на Јувентус по смената на тренерот

А1он

Смело предвидување на Дел Пјеро: Пирло може да го надмине Зидан

А1он

Андреа Пирло официјално тренер на „Старата дама“

Жарко Настоски

И Пирло меѓу кандидатите за клупата на Јувентус по отказот за Сари

Жарко Настоски

Балотели: Пирло може да игра уште 10 години

Ана Ололовска