Пронајдени дрога и пиштол во тетовско, уапсено се четири лица

Од:

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С. (23) од с.Требош, Е.К. (21) од с.Палатица и две малолетни лица.

Имено, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода во с. Палатица, на место викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба.

При тоа се пронајдени марихуана, пиштол и куршуми. При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесено соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски