Полскиот тенисер лут поради повластениот третман на Синер: „Уништен сум и шокиран“

Од:

Камил Мајшак, полскиот тенисер е разочаран од допинг скандалот во чиј центар е Јаник Синер.

Мајхсак, кој моментално е на 168. место во светот, помина низ тежок период кога во неговите тест примероци беше пронајдена недозволена супстанца.

Полјакот беше позитивен на четири тестови во декември 2022 година и последователно му беше забрането да игра 13 месеци.

Иако беше докажано дека не ја земал свесно супстанцата, туку дека е резултат на „заразен“ суплемент што го земал, тој беше отстранет од теренот и следеше тежок период за него.

„Само неколку часа пред излегувањето на мечот добив многу шокантни и крајно болни вести од тенискиот свет. Сега нема да навлегувам во детали поради моето здравје и психичка состојба, туку фактот дека не можам ни да стапнам на тениско игралиште кое не е приватно речиси цело време од мојата казна, додека другите играат нормално и ги остваруваат своите соништа, иако беа во иста ситуација, не ми дава мир“, вели Камил.

Тој јасно ги критикуваше тениските власти дека не ги третираат еднакво сите играчи.

„Целосно сум уништен и шокиран. Добро, можеби грешам. Но кому му е гајле што ќе каже играч од понизок ранг“, заклучи 28-годишниот Мајхсак.

Почна да игра на почетокот на таа година и од нула, бидејќи го загуби пласманот. Успеа да стигне до 168. место, а во квалификациите на УС Опен испадна во последното коло.

Би можело да ве интересира

Синер го освои последниот Мастерс за прв пат во кариерата

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај