Суданското Министерство за надворешни работи негираше информации дека претседателот Омар Башир одлучил да не учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Тие тврдат дека молбата на претседателот за виза се уште се разгледува.
– Барањето за влезна виза на претседателот и делњгацијата се уште е во Амабсадата на САД во Картум, соопшти Министерството.
Тие ги повикаа САД да ги исполнат обврските како држава домаќин на ОН и да издадат визи. Против суданскиот претседател има налог за апсење од страна на Меѓунардониот кривичен суд.