ДУИ: Дојде ред да се запре и виталниот проект за изградба на булеварот „Хасан Приштина“

Од:

Моноетничката власт напредува, од еден скандал на ден веќе се случуваат по неколку скандали дневно, 60 дена влада, 120 скандали. Демократската Унија за Интеграција го смета за неприфатлив и неостварлив предлогот на моноетничката влада проблемите со градот Скопје да се решаваат на сметка на Албанците преку стопирање за изградба на булеварот Хасан Приштина на патот кон Косово, како и клучката на семафорите на улицата Словенечка, кој го поврзува и Чаир со патот за Косово. Како и по обичај, ниту збор од В-аза-ЛЕН за овој потчинување, понижување, омаловажување на Албанците од страна на моноетничката власт, велат од ДУИ.

– Владата на ДУИ му додели на градот Скопје 8 милиони евра за булеварот Хасан Приштина што го поврзува Скопје со обиколницата на патот кон Косово и клучката што го поврзува тој булевар со Чаир, Бутел и Шуто Оризари. По негирањето на државното знаме, „делумното“ познавање на албанската химна, отстранувањето на албанскиот јазик, навредите кон административците, откажувањето од уставните измени, Охридскиот договор, легитимитетот, јавно дадениот збор и депонираниот потпис, срамот пред Косово и Албанија, негирањето на Косово, носењето на путинистот Стоилковиќ како задолжен за нашите права, откажувањето од Коридор 8, дојде ред да се запре и виталниот проект за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ на патот кон Косово. Имате ли трошка достоинство? Зошто влеговте во владата без легитимитет, кога нема ниту една точка од вашата програма? Одговорот е јасен, да се збогатите на сметка на народот и да му служите на ВМРО во антиалбанските политики

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ