Иран можно е да има нуклеарно оружје до крајот на годината

Од:

Иран би можел да објави дека има нуклеарно оружје „до крајот на годината“, изјави претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Мајк Тарнер.

„Постои можност, со напредокот што е постигнат според политиката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден… дека Иран би можел да се прогласи за држава со нуклеарно оружје до крајот на годината“, рече Тарнер за вестите на Си-би-ес.

Државите со нуклеарно оружје се земји за кои е познато дека поседуваат нуклеарно оружје, објави USA Today.

Иран негираше дека има програма за нуклеарно оружје, но неговиот врховен водач Али Хамнеи рече дека светските лидери не можат да го спречат Техеран да развие таква програма ако сака.

Запрашан дали коментарите на Хамнеи го „променија неговиот заклучок“ за иранската нуклеарна способност, Тарнер одговори со „не“.

Изјавата на републиканецот од Охајо дојде неколку дена откако поранешниот претседател Доналд Трамп за време на предизборниот митинг рече дека ако биде реизбран, „не сака да биде лош кон Иран“, но ќе „се погрижи да нема нуклеарно оружје“.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна