(ВИДЕО) СДСМ бара одговорност за починатата пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфентивна клиника

Од:

За жал се случи најлошото, имаме смртен случај, пациентка која била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, не била примена ниту на КАРИЛ, по што починала. За овој скандал мора да има одговорност, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

– Министерот Таравари да не чека како што чекаше вчера туку веднаш да преземе мерки за целосно расчистување на случајот. Но и за средување на состојбата на Инфективна клиника за да не се случи нова жртва. Директорите на КАРИЛ и Инфективна клиника треба да излезат пред јавноста и да одговорат зошто не е примена пациентката. Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката која не била примена на интензивна нега – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците