Захарова: Меѓународните организации да реагираат за да нема катастрофа од големи размери во Европа

Од:

Меѓународните организации мора веднаш да ги осудат провокациите што Киев ги подготвува во нуклеарната централа Курск, а нивниот резултат може да биде катастрофален во Европа, се вели во коментарот на официјалната претставничка на руското МНР, Марија Захарова.

Захарова навести дека, според добиените информации, „режимот во Киев почнал да подготвува напад на нуклеарната централа Курск“, пишува ТАСС.

„Ги повикуваме меѓународните организации, особено ОН и МААЕ, веднаш да ги осудат провокативните дејствија што ги подготвува режимот во Киев и да не дозволат да се наруши нуклеарната и физичката безбедност на нуклеарната централа Курск, што би резултирало со катастрофа од големи размери во Европа“, нагласи Захарова.

„Покрај тоа, ваквите акции на Киев не само што создаваат директна закана за нуклеарните централи, туку ги поткопуваат и постулатите на МААЕ за нуклеарна безбедност, кои беа формулирани од шефот на агенцијата Рафаел Гроси во 2022 година“, продолжи таа.

Претходно руското Министерство за одбрана објави дека Москва веднаш ќе преземе остри воени одмазднички мерки доколку Киев ги спроведе плановите за создавање катастрофа со радиоактивна контаминација на европскиот дел на континентот.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“