(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Од:

Според руската агенција ТАСС, најмалку две лица загинале при гранатирање на трговскиот центар Галактика во областа Петровски, во близина на Доњецк.

– Единаесет лица се ранети во артилериски напади на украинските вооружени сили врз областа Петровски во Доњецк, соопшти Министерството за здравство на Народна Република Доњецк за РИА Новости.

Според првите информации, гори површина од околу 10.000 метри квадратни.

Претходно лидерот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин соопшти дека се повредени седум лица, меѓу кои и еден тинејџер.

Еден од волонтерите кој помага на местото каде се случил ударот, за ТВ каналот „Русија 24“ изјавил дека трговскиот центар веднаш по ударот се запалил и дека од него биле спасени 20-тина луѓе.

Округот Петровски се наоѓа на западната периферија на Доњецк.

Од 2014 година, кога ДПР прогласи независност од Киев, областа е редовно гранатирана од украинските безбедносни сили – пренесува РИА.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид