Милошоски: Интервјуто на Шекеринска за „Еуро аткив“ е на штета на Македонија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека интервјуто на заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска дадено за грчкиот портал „Еуро аткив“ во кое говори за македонско-грчкиот спор за името, оди во корист на грчката дипломатија, а е на штета на Македонија.

– Сметаме дека со пораките со кои што се изедначува одговорноста помеѓу земјата на која што и е наметнат спорот како Република Македонија и Владата која што го наметнува спорот од страна на официјална Атина, Радмила Шеќеринска свесно или несвесно дава едно алиби за грчката дипломатија и дава дополнителен дипломатски арсенал на секој грчки амбасадор, на секој грчки министер за надворешни работи, да не мора лично да ја обвинува Република Македонија за своите позиции во овој спор, туку да ги користи зборовите на госпоѓата Шеќеринска за обвинување на нашата држава, истакна на прес-конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Милошоски, ненадоместлива е штетата што се создава на ваков начин по однос на надворешно-политичките прашања.

– Надоместлива е штетата на секој или врз секој политичар во Република Македонија доколку имаме критики едни со други по однос со некој внатрешно-политички прашања по кои имаме разлики, но за жал тешко е надоместлива штетата што се создава на ваков начин по однос на надворешно-политички прашања во кои што 20 години забележуваме дека соседна Грција и покрај енормните разлики на внатрешно политички план има еден национален консензус и се говори во еден глас и со една порака и со една позиција, но пораките на Радмила Шекеринска за жал сведочат дека македонците и Република Македонија заради такви политичари сеуште немаат усогласен национален став по однос на ова за нас важно прашање, рече Милошоски.
Она што и забележува ВМРО-ДПМНЕ на Шекеринска е тоа што таа во интервјуто никаде не ја споменала пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Со ваквото свое однесување и занемарување на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, може да се претпоставуваат две работи. Едната е дека Шекеринска е преотповарена и фокусирана само на внатрешно-политичките прашања во Република Македонија и не може да излезе над таа димензија, или пак другата е да се препоставува дека покрај Венизелос, Самарас и другите грчки политичари сега и Радмила Шекеринска станува политичар кој што не сака и не чувствува за потребно да ја спомене пресудата од Меѓународниот суд во Хаг, истакна Милошоски. Со пораките што Шекеринска ги дала за грчката јавност, не би ме зачудило, рече Милошоски, доколку вечерва министерот за надворешни работи Венизелос, истите пораки ги употреби во комуникацијата со неговиот колега Попоски за да ја девалвира позицијата на Република Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека оние што извршувале високи должности во македонската Влада треба да имаат поголемо чувство на одговорност и внимателност во изјавите што ги даваат за надворешно-политичките прашања.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски