Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители. Едниот близок до Заев и Филипче, другиот до Ахмети велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наќе Георгиев кој призна вина дека примил поткуп за да ублажи казна затвор, во време на СДС и ДУИ од обичен судија стана Врховен судија и член на Судскиот совет. Додека тој растеше во судската хиерархија судија стана и неговиот син, а сопругата му е јавен обвинител. Наќе Георгиев ја злоупотребил позицијата се впуштил во штелување на судски пресуди. Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители за време на СДС и ДУИ, тој му помогнал на Наќе Георгиев да издејствуваат помала казна за Боро Марлборо. И Наќе Георгиев и Иџет Мемети одлучувале за судии и обвинители, унапредувале и санкционирале. Какви се постапките кои овие двајца корумпирани функционери ги влечеле и уште колку неправди нанеле? Корумпираноста која ја гледаме преку Наќе Георгиев и Иџет Мемети е причината зошто е потребно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, само така ќе се врати вербата на народот во судството, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on