Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Од:

Пожарот во селата Цера и Пресека повторно е надвор од целосна контрола, информираше градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Тој преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека иако вo раните утрински часови, пожарникарите од Македонска Каменица и Кочани добиле воздушна поддршка од еден полициски хеликоптер, пожарот се уште е активен поради засилениот ветар од пладневните часови.

-Куќите во Јангелковци кои беа загрозени вчера, се спасени. Но, поради се позасилениот ветер и непристапниот терен за делување од копно, сега постои реална опасност од ширење на пожарот кон маало Стамболии во село Цера. ТППЕ Кочани наведуваат дека првично биле активни два одделни пожари. Едниот во село Пресека, а другиот во село Цера. Потоа, истите се спојуваат во еден пожар на доста широка територија и огнената стихија досега однела над 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, посочува Атанасовски.

Од рано утрово на терен, покрај екипи на ТППЕ-Македонска Каменица, доброволци и локално население од село Цера, во акцијата за гасење на пожарот се вклучени ТППЕ Кочани, ДПД Кочани, ДПД САСИ Македонска Каменица, вработени во ЈП „Национални шуми“ и други екипи.

Атанасовски потенцира дека во текот на утрешниот ден како што наведува се очекува да се вклучат и доброволци од институциите во Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака