Кузеска: “Картел при јавни набавки“, нов скандал со фирми поврзани со Сања Божиновска

Од:

Енергетски картел при јавни набавки е нов скандал со фирми кои се поврзуваат со Сања Божиновска.Деталите ги објави еден медиум во земјава и покажуваат дека фирмите во кои била дел и Божиновска имале пријави од македонските институции за незаконско работење и малеврзации вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела постапка за забранет договор – картел при јавни набавки и донела решение за казни. Фирми кои дел се поврзуваат и со Божиновска, формирале енергетски картел. Со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат. И внимавајте, не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата.За дел од овие фирми кои склучиле картел и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра.Ова е вморвска шема во енергетиката како во мафијашки филм. Со картели. Само наместо фавели има бел дворец. СДСМ се сомнева дека преку слични шеми се планираат малверзации и заработки од страна на Мицкоски и Божиновска и дека токму ова е причината за создавање на новото министерство, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски