Мециновиќ: Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори

Од:

„Овој ребаланс ќе отвори нова ера на рај за богатите и пекол за сиромашните! Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори”, истакна денес од собраниската говорница пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, по однос на ребалансот на буџетот предложен од Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ.

– Сите шпекулативни финансиски теории и фоскули кои тука ги вадите, не само што не им значат на нашите граѓани, туку и покажуваат дека вашата економска матрица е фридманистичка. Вие низ шок терапија, пробувате општеството да го доведете до работ на функционалноста, за после вашите бизнис партнери да можат да заработуваат од таа агонија на нашите граѓани – потенцираше Мециновиќ.

Мециновиќ во својот говор стави акцент и на намалените средства за лицата со инвалидитет.

– Тоа што вам ви е удобно да се фалите како ќе го подобрите бизнисот, кажете ни зошто 10 милиони денари има помалку за здруженијата на лицата со инвалидитет? Зошто ги намаливте даноците? И за да ги намалите, сега ќе кратите од маргинализираните и ранливите категории – додаде Мециновиќ.

Пратеникот Мециновиќ во својот говор се осврна и кон тоа дека наместо прераспределба на материјалните добра, власта оди во концентрација на материјалните добра во рацете на нејзините финансиери.

– Овој ребаланс неминовно ќе има ефект по животот граѓаните од ранливите категории и вие ќе ја сносите таа одговорност. Ова ви е прв ребаланс, пред нас доаѓа многу битен буџет, се надевам повторно нема да биде изработен од стопанските комори, рече Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Левица: ​​Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

Левица бара разрешување на вицепремиерот Арбен Фетаи

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно