Нападнат хеликоптерот на директорот на агенцијата за вонредни ситуации на Пакистан

Од:

Пакистански екстремисти денеска истрелаа два проектили вез хеликоптер во кој се наоѓал директорот на Националната агенција за вонредни ситуации, изјави воен претставник.

Во нападот нема повредени. Сепаратистичката борба во Белуџистан, најголемата, но истовремено најслабо развиената провинција во Пакистан, трае уште од 2004 година.

Хеликоптерот со генерал мајорот Мухамед Саед Алем ја надлетувал областа Аваран во провинцијата Белуџистан, што пред два дена беше погодена од силен земјотрес.

Во силниот земјотрес што во вторникот ја погоди провинцијата Белуџистан, според најновите податоци на локалните власти, животите го загубиле 348 лица, додека најмалку 513 други се повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица