Во авионот што се урна вчера во близина на градот Сао Паоло, кога загинаа 61 лице, требало да има уште 10 патници, но задоцниле на летот бидејќи ги измешале компаниите, пренесува бразилската ТВ Глобо.
Според извештаите, десетина патници направиле грешка во однос на компанијата што го извршува летот и мислеле дека летаат со авиокомпанијата „Латам“, а всушност летот бил со „Воепас“, поради што доцнеле на качување.
Патниците се обиделе да се качат во авионот, но од аеродромските власти им било кажано дека поминало време и не можеле да се качат, па го пропуштиле авионот кој подоцна се урнал.