Бразилските власти пронајдоа црна кутија на местото на падот на патничкиот авион во кој загинаа 61 лице, изјави секретарот за безбедност на Сао Паоло, Гиљермо Дерит.
Медицинскиот тим е на лице место и работи на идентификување на жртвите, рече тој на прес-конференцијата.
Посмртните останки на многу жртви, сепак, биле премногу изгорени за визуелно да се идентификуваат, пренесува Си-Ен-Ен.