Имаме информации дека ДУИ за да го заштити капиталот кој го таложеше ќе предизвика дестабилизација вели Мицкоски

Од:

Имаме информации со кои располагаме, добиени од повеќе канали, дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во обид да го заштити капиталот којшто го создаваше изминативе 20-22 години, ќе превзема чекори во насока на дестабилизирање на државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Во одговор на новинарско прашање во врска со ставовите на Мицкоски произнесени викендов, дека ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава, премиерот нагласи дека очекува тоа да се случи оваа есен, но сепак, вели, времето ќе даде одговор дали информациите со кои располага се точни или не.

– Ние како Влада имаме полно право да го браниме територијалниот суверенитет и интегритет, како и мирот на граѓаните. Тоа практично е и целта на една држава. Очекуваме тоа да се случи оваа есен, врз основа на тие информации кои што ги имаме, но да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или информациите нема да бидат точни, рече Мицкоски.

Прашан што се смени во ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за конструктивноста на ДУИ, откако ги поддржа измените на Законот за Влада, Мицкоски вели секоја конструктивност во насока на подобрување на условите за живот е добредојдена, без разлика за која политичка партија се работи, но, вели, Владата е должна да ги сподели информациите за „потенцијалното девијантно однесување на групи или политички партии“.

– Секоја конструктивност во насока на подобрување на условите за живот, на подобрување на стандардот, поддршка во реформскиот процес, поддршка во напредокот на граѓаните е добредојдена од секоја политичка партија, јас и тогаш, ако се сеќавате во мојата изјава, кажав дека жалам што и другите политички партии во Собранието, коалицијата предводена од СДСМ и политичката партија Левица, не ги поддржаа овие законски измени, туку само Демократската унија за интеграција. Очекувам во иднина кога ќе имаме подобри реформски закони кои што значат подобра иднина и подобар стандард на граѓаните, да бидат поддржани од сите политички чинители, не само од Демократската унија за интеграција, или пак од коалицијата предводена од СДСМ, или од други политички партији, бидејќи на крајот од денот ние сме платени од граѓаните и треба да работиме за интересот на граѓаните, но истовремено, кога ќе добиеме информации за потенцијално девијантно однесување на групи, политички партии, или било што, ние сме должни да тоа го соопштиме во јавноста, ако не, не би биле Влада која што ќе ги оправда очекувањето на граѓаните, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

А1он

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

А1он