Претседателот Иванов се сртена со баронесата Д’Соуза

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов и баронесата Франсис Д’Соуза, претседател на Горниот дом на Британскиот парламент, на денешната средба во Скопје, разменија мислења околу билатералните односи меѓу двете земји, економската соработка, како и за состојбите и перспективите на земјите од регионот за членство во Европската унија и НАТО.

Во тој контекст, претседателот Иванов нагласи дека единствена движечка сила во регионот која упатува на соработка и взаемна поддршка и со која се истиснуваат анимозитетите и предрасудите од минатото, е идејата за Европа.

Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази очекување земјите членки на ЕУ, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, да бидат адвокати на македонските аспирации за членство во евро-атланските структури, да помогнат и да ги забрзаат тие процеси.

На средбата претседателот Иванов изрази задоволство од посетата на баронесата Д’Соуза, истакнувајќи дека Република Македонија во континуитет придава особено значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство. 

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on