Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода врз пожарот кај охридското село Косел

Од:

Денеска хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР и хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи дејствуваа на пожарот кај с.Косел, охридско, соопшти МВР.

Во 29 циклуси хеликоптерот Бел 412 исфрлил над 43 тони вода, со што дел од краците на пожарот биле ставени под контрола.

Денеска се активни 8 пожари во државата, информираше претходно директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Најтежок е пожарот во атарот на селото Брезница, село Тажево во Македонски Брод, кој му се заканува на селото Брезница, но Ангелов е убеден дека селото ќе биде одбрането.

„Овде во текот на целиот ден дејствуваат неколку хеликоптери, ефектите од нив се мали но тука се наоѓа 40-член унгарски тим пожарникари кои даваат голем придонес со поддршка од 50 македонски професионални војници“, изјави Ангелов.

Вториот тежок пожар е на територијата на Општина Демир Хисар, на Илинска планина, каде што ситуацијата е тешка, а во гаснењето активно учествува локалното население, локалните пожарникари, претставници од Национални шуми, но самата вегететација, како што велат од ЦУК, создава чад и го отежнува функционирањето на воздухопловите.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Имаме шест исклучително тешки за гаснење пожари, а најтежок е пожарот на планината Готен

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

Активни се пожарите на Голем Готен и на Малешевските Планини

Горан Наумовски

Продолжува „војната“ со пожарите, 10 се активни, три пожари се под контрола

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори