Левица: На Вјоса Османи не ѝ е прв инцидент – ДПМНЕ да не го штити Гаши

Од:

Инцидентот што се случи со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на Меѓународниот Аеродром Скопје го отсликува системското непочитување на институциите и законите, првично од страна на самиот спикер Африм Гаши, кој нема никаква надлежност да реагира во конкретниот случај. Реакцијата на неговото обезбедување, надвор од своите овластувања, де факто го попречило нормалното функционирање на безбедносните процедури.

Иако е јасно дека се работи за скандалозно пречекорување на овластувањата, каде се подриваат македонските институции за да се заштити функционер од друга држава – три дена нема никаква најава за одговорност од страна на власта, освен неколку паушални и дипломатски соопштенија.

За бесрамното самоволие на косовската претседателка Османи говори фактот што ова не е нејзин прв меѓународен инцидент. Ваков инцидент Османи предизвикала и со авиокомпаниите „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, при што компаниите не дозволиле авионите да полетаат сѐ додека не се испочитуваат меѓународните воздухопловни стандарди за цивилен соообраќај (и покрај инсистирањето на нејзиното обезбедување).

Реакцијата и протестната нота на косовската влада во најмала рака ги квалификуваме како СРАМНИ кои го штитат самоволието на Вјоса Османи. Виенската конвенција за дипломатски односи е децидна дека ослободени од безбедносен преглед се само официјалните гости на македонската влада, при што операторот на аеродромот добива официјално известување за таквото изземање од Министерството за внатрешни работи. Со тоа што Османи целосно ги заобиколила МВР и МНР и го повикала спикерот Гаши, се потврди дека дел од оваа влада е директно контролирана од КУРТИ.

Очекуваме на најавената средба Мицкоски – Курти, премиерот на македонската влада да застане во одбрана на македонските институции и јасно да го ОСУДИ ваквото скандалозно однесување на претседателката на Косово.
​​​​Скандалозно е што МВР објави само соопштение и уште нема одговорност за обезбедувањето на Африм Гаши, кој веднаш мораше да биде санкциониран.

После скандалот со молитвата во Собранието и инцидентот на скопскиот аеродром, Левица е децидна дека Африм Гаши повеќе нема интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и поради тоа ќе поднесе ИНТЕРПЕЛАЦИЈА за негово разрешување, бараат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица