Србија испрати хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за помош со пожарите во земјава

Од:

Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска испрати нов хеликоптер на Хеликоптерската единица МВР во Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите.

-Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор на претседателот на Србија. Александар Вучиќ и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановски Давкова, се наведува во соопштението на МВР на Србија.

Инаку, МВР на Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Северна Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, пружи помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.

-Во изминатите три дена хеликоптерот од Србија оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на населбата Долно Ѓуѓанци, во близина на градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричане, се наведува во соопштението на МВР Србија.

Би можело да ве интересира

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати