СДСМ: Скандалот на аеродромот не смее да биде забошотен, ги имаме сите информации

Од:

СДСМ очекува во најкус рок МВР и внатрешна контрола да излезат со детална информација во јавноста што точно се случило на скопскиот аердром во инцидентот со косовската Претседсателка велат од СДСМ.

– МВР мора да информира каква била улогата на лица од обезбедувањето на Претседателот на Собранието Африм Гаши и согласно законите да поведе постапки против оние кои ги прекршиле овласувањата. Доколку ова не го направи, тоа ќе биде јасна потврда дека се кријат фактите со цел да се заштитат меѓукоалициските односи.

СДСМ располага со целосни информации за тоа што точно се случило и доколку МВР се обиде да ги филува фактите, се ќе биде објавено. Истрагата за овој случај не треба да претставува никаков проблем за МВР и Обвинителството бидејќи аеродромот е под целосен видео надзор и без проблем може да утврдат сите детали.

Во целата оваа скандалозна и конфузна ситуација ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молчат. Додека беа во опозиција хистеријата која ја креваа беше неподнослива, но сега се скриени во глувчешка дупка и се надеваат дека кризата ќе ги одмине. МВР наместо транпарентно да информира веднаш по настанот кој се случил утрото, чекаше медиумите да ја откирјат приказната за да пушти штуро соопштение за јавност. Ваквата нетранспарентност јасно сугерира дека идејата е да се стават работите под тепих, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло