„Коха.нет“: Обезбедувањето на скопскиот аеродром се обидело да и го земе личниот телефон на Османи, па дури и ја турнале

Од:

Синоќа на аеродромот во Скопје се случи инцидент кога претседателката на Косово, Вјоса Османи, на враќање од Париз слета на аеродромот во Скопје, од каде требаше да продолжи за Косово. Од неа било побарано да ги отвори куферите, во согласност со аеродромските процедури.

Според информации од вработени на аеродромот, таа одбила и „дрско и непримерно“ се обратила до обезбедувањето на аеродромот.

Во тоа време му се јавила на претседателот на македонското Собрание Африм Гаши од кого побарала помош да помине без да и го прегледаат багажот. Гаши на аеродромот испратил членови на неговото обезбедување, предводени од шефот Сабедин Синани.

Синани и уште неколку членови на обезбедувањето на Гаши пред десетина патници се обратиле до обезбедувањето на аеродромот и побарале да ја пушти претседателката на Косово да помине низ контрола, пренесува Косово онлајн.

Вработените одбиле, а потоа Синани извадил пиштол и му го вперил во чело на полицаец на аеродромот. Набргу потоа, неколку вооружени полициски единици пристигнале пред ВИП влезот на аеродромот и го впериле пиштолот во Синани. По кратка драма, инцидентот завршил.

Според верзијата на косовскиот портал Коха.нет, обезбедувањето се обидело да и го земе личниот телефон на Османи, па дури и ја турнало. Ова го изјави за КОХА советникот за медиуми на претседателката, Беким Купин. Тој рече дека „имало обиди да се испровоцира косовската делегација од македонска страна“, додека „косовската полиција била принудена да реагира на овој инцидент за да дозволи премин“.

„Спротивно на меѓународната практика и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да го земе личниот телефон на претседателката. Таа не дозволи такво нешто бидејќи тоа би претставувало сериозно прекршување на законот. И покрај тоа што ги објасни правилата за кои нејзиниот тим го известил аеродромскиот службеник кој се обидел физички да ја турне претседателката, а во тој случај косовската полиција била принудена да реагира за да дозволи премин, бидејќи шефовите на држави се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети“, се наведува во соопштението на Купина.

Понатаму тврдат дека македонската страна ја зела личната чанта на претседателката иако тоа било спротивно на правилата, што нејзиниот тим го дозволил. Тие наведуваат и како тоа го направиле за да може Османи да влезе на аеродромот, поточно во ВИП салонот кој бил резервиран.

„Меѓутоа, не е дозволено на кој било начин да се предаде личен телефон. Потна скопскиот аеродром е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателот никаде во светот, вклучително и земји кои не ја признале нашата земја“, се вели во соопштението.

Османи го информираше претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, „кому му се заблагодарува за укажаната помош“.

„Вреди да се напомене дека, откако претседателката се качи во авионот, аеродромот не дозволуваше да полета комерцијалниот авион повеќе од еден час, под изговор дека еродромот не е подготвен. Кабинетот на претседателката стапи во контакт со словенечката страна, која не информираше дека тоа апсолутно не е точно и дека авионот ќе може да слета во предвиденото време“, се заклучува во изјавата на нејзиниот советник.

Компанијата ТАВ, која стопанисува со аеродромот во Скопје, во реакцијата по инцидентот со Османи рече дека безбедноста на патниците не е загрозена и дека нивните постапки се во согласност со важечките закони. Во одговорот се наведува дека според сегашната законска регулатива имаат обврска да вршат проверки за сите патници.

„ТАВ Македонија информира дека, согласно Законот за воздухопловство и меѓународното законодавство поврзано со безбедноста на цивилното воздухопловство, аеродромскиот оператор има законска обврска да врши безбедносни проверки на сите патници, багаж и стока“, се наведува во реакцијата.

Понатаму велат дека на проверки подлежат и патниците кои патуваат преку ВИП делот.

Би можело да ве интересира

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

Арсовски: Движењето ЗНАМ нема да ја поддржи интерпелацијата за спикерот Гаши

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против Гаши

(ВИДЕО) Апасиев: Ако Џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши