Левица: Дали коалицијата ЗНАМ-ВРЕДИ ќе му пресуди на Домот за култура во Куманово?

Од:

Дали наставникот по одделенска настава во с. Лопате е кадарот на ВРЕДИ, ЗНАМ и ДПМНЕ кој ќе директорува со Домот на културата во Куманово? Дали Шукри Бекири некогаш влегол во Домот на култура во Куманово, па макар и како дел од публика, велат од Левица.

„Додека Димитриевски глуми патриот по бугарски телевизии и лажно се бори против необалистичките идеи на ВРЕДИ, во позадина подготвува неквалификуван кадар од ВРЕДИ да го преземе директорското место во Домот на култура во Куманово. Вработените во НУЦК „Трајко Прокопиев” во Куманово се загрижени поради нестручноста и немањето искуство на Бекири од областа на културата и прашуваат дали партиските неспособни кадри за кратко време ќе ги избркаат културните работници на улица. Левица го прашува министерот Љутков дали како актер се согласува со тоа наставник од с. Лопате да го води Домот на култура во Куманово, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

(ВИДЕО) Исмаил: Предлог-буџетот предвидува нови две милијарди евра задолжување на државата

Левица: Згрозени сме од нечовечкиот повик на премиерот за веселба веднаш по солзите на мајките од Кочани

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

(ВИДЕО) Исмаил: Недостаток на институционален капацитет води кон повторување на трагедиите

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани