Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Од:

Полицијата до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“, а во врска со кривично дело „убиство во обид“.

МВР денеска соопшти дека на 31.7.2024 околу 1.30 часот на тротоар на раскрсницата помеѓу улиците „22-ри Октомври“ и „Партизанска“ во Радовиш, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица А.Ј. со остар предмет му нанел убодна рана на Ѓ.А. од Радовиш, а истовремено Д.С. активирал солзавец кон Ј.Т. од Радовиш.

Лицата биле уапсени и задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Во текот на вчерашниот ден лицата биле изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Би можело да ве интересира

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

Насилник од Тетово сакал да убие 17-годишник, со скалпел го исекол кај вратот и десното уво

Горан Наумовски

Жена од Кавадарци со чекан сакала да ја убие својата мајка

Горан Наумовски

Кумановец осомничен за обид за убиство, со нож го прободел во стомакот