(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

Од:

Полицијата го уапси Жељко Вујовиќ, кој се сомничи за обид за убиство за време на коњски трки во селото Бијељани кај Билеќе (БиХ).

Заедно со Вујовиќ е уапсен и Мирко Самарџиќ, кој, според полицијата, побегна со него по инцидентот.

По завршувањето на криминалистичката истрага, двајцата ќе бидат предадени во надлежност на Окружното јавно обвинителство во Требиње за понатамошно постапување.

Вујовиќ се сомничи за кривично дело тежок обид за убиство по инцидентот на коњските трки во Бијељани, кога беа повредени три лица.

Полицијата претходно ги уапси Г.Ч. и М.И. поради сомневање дека му помогнале на Вујовиќ по извршувањето на кривичното дело.

Вчера на социјалните мрежи се појави и видео од инцидентот. На него се гледа како возило, со кое наводно управувал Вујовиќ, влета во група луѓе и ги удри, по што продолжи да се движи со голема брзина низ ливадата.

Би можело да ве интересира

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ

Босанец (29) со нож и пиштол им се закануваше на минувачи кај Колосеумот во Рим

А1он

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он