Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1 септември

Од:

Министерот за правда Игор Филков иницираше постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа којашто беше донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога. Министерството за правда иницира постапка пред Владата да се анулира дадената согласност на тарифата што ќе претставува основа за не примена на донесената одлука.

Пред да се направат измени од ваков обем кои директно се одразуваат врз граѓаните и стопанството во државата, неопходно е отворање на широка дебата.

„Според овие измени најголемо поскапување имаше кај составувањето на нотарски акти од помала вредност кои се чести кај граѓаните. Кај актите од стотици или илјадници евра речиси и да нема промени или покапувањето е минимално. Тоа не смее да се случи и затоа ги повлекуваме овие измени. Секоја одлука што директно се одразува врз граѓаните во иднина ќе подлежи на широка дебата, односно пред да донесе било каква измена, ќе слушнеме што мислат сите засегнати страни и како таа одлука ќе се рефлектира“, рече на денешната прес конференција, министерот за правда Игор Филков.

Би можело да ве интересира

Укинато е зголемувањето на нотарските тарифи

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните

Горан Наумовски

Методија Ристоски реизбран за претседател на Нотарската комора

Ана Ололовска

Ексзаменик-министерот на ДУИ, наплатил 300 илјади евра како нотар на „Комунална хигиена“

Васко Маглешов

Дескоска: Намалувањето на трошоците на граѓаните е главна цел на предложените измени на Законот за нотаријат

Наум Локоски

(ВИДЕО) Костадиновски: Усвоени измените за намалување на трошоците на граѓаните кај извршителите и нотарите

Ана Ололовска