Ексзаменик-министерот на ДУИ, наплатил 300 илјади евра како нотар на „Комунална хигиена“

Од:

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од 2014 година до јуни 2019 година потрошило над 410 илјади евра за услуги од нотари за наплата на нотарски платни налози, или по стотина илјади евра годишно. Но, дури 73% од сумата, или 301,385 евра зел само еден нотар – Џевад Бучи, ексзаменик-министерот за полиција од ДУИ.

Информациите од јавен карактер кои „А1 он“ ги доби од комуналното препријатие покажуваат дека името на Бучи се појавува секоја година од 2014 па сè до јуни 2019 за нотарски платни налози. На Бучи најплодна му била 2015 година кога за нотарски услуги добил над 97 илјади евра. Со ова јавно претпријатие раководеа и раководат кадри на ДУИ.

Нотарската канцеларија на Бучи сместена во ТЦ „Мавровка“

Бучи за „А1 он“ рече дека не гледа ништо спорно во тоа што „Комунална хигиена“ најмногу го ангажирала досега. На прашањето дали има посебен договор со комуналното претпријатие за тој секоја година да ги добива највисоките суми за нотарски услуги, Бучи рече: „Немам договор. Соработувам како нотар. Сè зависи од тоа кој каков капацитет има…“

Јавноста се сеќава на Бучи, кога како заменик-министер за полиција, при нередите на скопското Кале во 2011 година ослободува демонстрант кој бил приведен од униформиран полицаец. Бучи пред медиумите се правдаше дека бил таму за да ја смири ситуацијата.

Бучи на протестот на скопското Кале, февруари 2011 година

Втора на листата е Нерџиван Идризи, која за истиот период добила 132,818 евра. Значително помалку добил нотарот Насер Зибери, 27,578 евра. На листата се појавуваат и други нотари, но сумите што тие ги добивале се значително помали во споредба со оние на Бучи и Идризи. Најмногу нотари, 18, се ангажирани во 2018 година, а само 5 во 2016 година. Интересно е што на пример, нотарот Ристо Самарџиев добил вкупно 750 денари за нотарски платни налози од ова комунално претпријатие, а Светлана Китановска за ангажман добила вкупно 3350 денари.

Нотарската комора е свесна дека на ова поле мора да се работи и токму затоа, ги адресирале прашањата до надлежните институции.

„Пишавме до јавното претпријатие, на Управниот одбор на Нотарската комора донесовме одлука според која предметите треба да се делат рамномерно, или да се даваат до Нотарската комора да ги распределува на сите. Не можеме на странките да им наложиме кој нотар сакаат да ги застапува, но ова е јавно претпријатие…“, вели за „А1 он“, Олга Димковска, член на Управниот одбор на Нотарската комора.

Димковска рече дека не треба да се дозволи богатење само на неколкумина нотари, а за сметка на тоа, да има нотари кои ги затвораат канцелариите поради тоа што немаат работа.

Би можело да ве интересира

Методија Ристоски реизбран за претседател на Нотарската комора

Ана Ололовска

Дескоска: Намалувањето на трошоците на граѓаните е главна цел на предложените измени на Законот за нотаријат

Наум Локоски

(ВИДЕО) Костадиновски: Усвоени измените за намалување на трошоците на граѓаните кај извршителите и нотарите

Ана Ололовска

Адвокатите, нотарите и извршителите побрзо до документи од УВМК

Ана Ололовска

Меморандум за соработка меѓу УВМК и коморите на адвокати, извршители и нотари

Ана Ололовска

Заев на средба со претставници од Нотарската комора: Ја поздравувам иницијативата за дебата за изнаоѓање најдобро решение

Наум Локоски