(ВИДЕО) Израел го нападна Бејрут

Од:

Израел соопшти дека го извршил нападот во Бејрут, главниот град на Либан, и дека цел на нападот бил командант на Хезболах. Тој е обвинет за смртоносен напад на Голанската висорамнина, која е под израелска окупација.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека „извршиле целен напад во Бејрут, против командантот одговорен за убиството на децата во Мајдал Шамс и за убиството на многу други израелски цивили“.

На X е објавена непотврдена снимка која наводно ги прикажува моментите по израелскиот напад.

Либанската државна новинска агенција ННА соопшти дека нападот бил извршен од дрон кој истрелал три проектили.

Соопштението на ИД дојде набргу откако телевизијата Ал Манар, управувана од Хезболах, објави силна експлозија што се слушнала во јужните предградија на либанската престолнина.

Областа е упориште на милитантните групи поддржани од Иран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа