Постои веројатност дека, ако не го поднесувате почетокот на работната недела, најверојатно страдате од „социјален џет лег“.
Научниците од Универзитетот Раш во Чикаго утврдија дека спиењето за време на викендот може да предизвика претеран замор во понеделник и да биде причина за нашата „поспаност“ се до среда.
Ефекти на тој замор кои се видливи веднаш се послабо помнење и реакции на случувањата, а долгорочното излежување за време на исчекуваниот викенд може да доведе до дебелеење и зависност од кофеин и цигари, тврдат истражувачите.
Фразата „социјален џет лег“ ја состави германскиот истражувач Тил Роенеберг кој утврдил дека тој феномен може да влијае на нашето здравје, зголемувајќи ја можноста за создавање навики за пиење алкохолни пијалоци и кофеински напитоци и развивање зависност од цигари.