СДСМ е против отворање на Албанска академија на науките и уметностите

Од:

МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo, велат од СДСМ.

„Но, она што треба јавноста да го знае е што Мицкоски ветил пред формирањето на Владата во однос на ова барање на ВЛЕН? Ова не е прв пат ВЛЕН и нејзините лидери да ја споменуваат албанската академија како проект, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно си молчеа. Кои други барања кои се неприфатливи за мнозинството граѓани Мицкоски ги има одмолчано или ги има тајно прифатено? Најголемите патриоти Мицкоски и Димитриевски заради комотна позиција во власта изгледа се прaвеле глуви на овие барања на ВЛЕН, а сега се обидуваат да поентираат со некакво неприфаќање. Прашање е само што ќе биде цената за тоа и дали под маса има испорачано друго барање доколку академијата не помине, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандалозен тендер на Тошковски од 4 милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

Филипче: Позади кредитот од шест милијарди евра се крие антологиски грабеж

Предраг Петровиќ

Филипче: Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец, сметките стануваат неподносливи

Филипче: Дали се однапред договорени фирмите блиски до власта кои ќе работат на проектите од заемот?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски