СДСМ: Божиновска и Мицкоски кријат за долгот од еден милион евра кон МЕСПО, дали е вратен или не?

Од:

Втор ден молк на Божиновска и Мицкоски откако СДСМ го објави скандалот дека преку своја фирма, Сања Божиновска, останала должна на државната МЕПСО речиси 1 милион евра. Молкот и јаловите обиди за пренасочување на темата на ВМРО-ДПМНЕ се најдобар доказ дека се што објави СДСМ е вистина и базирано на факти. Молчи и Христијан Мицкоски, човекот кој ја постави на позицијата и кој во рацете и го даде целиот енергетски сектор правејќи и министерство за енергетика, велат од СДСМ.

„Пред да продолжиме со објавување на скандалот и даваме можност на Божиновска да излезе и јавно да каже, каде се еден милион евра? Дали се вратени или не? Според нашите податоци фирмата на Божиновска никогаш не ги вратила парите што значи долгот останал. Ако е така мора итно да поднесе оставка.

Понатаму, според анкетниот лист, Божиновска поседува недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што и должи на државата. Дали со овие пари набавила дел од недвижностите и становите? Божиновска во кулоарите важи за блиска бизнис соработничка на Мицкоски во енергетиката, па прашуваме, какви бизниси сега планираат тие двајцата? Ова ли ќе биде начинот на работа, преку испумпување пари од државни компании? Која е вистинската причина зошто Божиновска е министерка мора да одговори Мицкоски, овде нема случајности.

СДСМ се сомнева дека преку слични шеми се планираат малверзации и заработки од страна на Мицкоски и Божиновска и дека токму ова е причината за создавање на новото министерство за енергетика. Божиновска не смее да остане министер, ризикот од слични случаеви во иднина е голем.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време