СДСМ: Владата сама соопшти дека го именувала Ељези, под притисок го повлече

Од:

Фатени во сопствените лаги прес службата на Владата на Мицкоски се демантира самата себе. Во владино соопштение до медиумите од 24 јули, самата Влада соопшти дека Ибрахим Ељези е именуван за в.д. заменик директор на Идризово, одделение во Велес, каде се наведни и други назначувања, како и она на Јанески, соопшти СДСМ.

Реакцијата следува откако од Владата претходно изјавија дека „постоел таков предлог за именување на в.д. заменик директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен“.

Од СДСМ утринава објавија дека Ибрахим Ељези е осуден и лежел 4 години затвор, од 2013 година до 2017 година во Идризово. Кривичното дело за коешто бил осуден е за неовластено производство и пуштање во промет на дрога, а тој ќе биде нов в.д. заменик директор на Идризово, одделение во Велес.

„Тоа соопштение го имаат сите медиуми и денешната реакција на истата прес служба дека не бил именуван е смешна. Впрочем врз основа на ова Владино соопштение медиумите и ја пренесоа веста за неговото именување. Зарем денеска Владата на Мицкоски сака да каже дека медиумите сами си ја измислија вест? До толку несериозно, неодговорно однесување од Владата со потценување на јавноста и на медиумите досега не е забележано. Ете до каде може да оди ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ и додаваат:

„Тоа што си правеле пиши-бриши на соопштенијата под притисок на јавноста Владата треба да одговори дали и реално значи дека Владата е пишман и за други одлуки? Кое друго име е избришано од најавените назначувања за директори? Ова е класична криминална кадровска политика. За 30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат секојдневни скандали, промашувања и разочарувања“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски