Алијансата за Албанците: Укинување на Балансерот претставуваат сериозен удар за Охридскиот договор

Од:

Последната одлука на министерот за администрација, Горан Минчев, за промена на процентот на застапеност според Балансерот е уште еден чекор за реализација на сценаријата најавени од првите денови на доаѓањето на оваа Влада за деградација на Албанците во земјава. Со оваа одлука застапеноста на Албанците во сите институции ќе се намали од 29,52% на 24,30%. Тоа значи дека со години во иднина нема да се вработува ниту еден Албанец во оние институции каде што процентот на Албанци достигнал 24%, што практично значи дека на голем број институции ќе им бидат затворени вратите за Албанците, се вели во реакцијата на Наим Бајрами, потпретседател на Алијансата за Албанците и поранешен министер на МИОА.

„Забрзаните чекори на нелегитимната Влада за деградирање и најавеното укинување на Балансерот се крајно вознемирувачки и претставуваат сериозен удар за Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност и меѓуетничката кохезија во државата. После ова, албанските партии во Владата немаат зашто да останат дури и да биле победници на изборите, а не веќе како губитници, без легитимитет и деградирани. Ги повикуваме албанските партии да ја напуштат оваа Влада која во секоја постапка го гази нашето достоинство како Албанци“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Муртезани: Очекувам да продолжи трендот на заминување од редовите на Алијанса на Албанците