За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Од:

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски, најави зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти.

-Зголемување на цените на угостителските услуги во Владините објекти, нема повеќе „багатела“ јадење на државна сметка! Во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, напиша Томовски на својата официјална страница на Фејсбук.

Во таквите дебати, додава тој, особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните.

-Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50 отсто. Ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар, додава Томовски.

Тој најави дека во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите, додавајќи оти целта е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада