Осомничениот за нападот во Москва е приведен во Бодрум

Од:

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во Бодрум е фатен терористот кој го изврши денешниот бомбашки напад во Русија.

Терористот кој го изврши бомбашкиот напад во Русија е фатен во Бодрум, напиша Јелрикаја на својот профил на мрежата Х.

Тој појасни дека денеска во 10:30 часот добиле информација од рускиот огранок на Интерпол, Европол дека „во Турција дошло лице по име Евгениј Серебрјаков, државјанин на Русија, кој извршил терористички напад со бомба во Москва на лет Москва-Бодрум“, објави Хуриет.

Утврдено е дека тој како турист влегол во Турција преку аеродромот во Бодрум во 09:40 часот и дека не бил препознаен бидејќи го нема во евиденцијата на меѓународната база на податоци на Интерпол за барани лица, ниту на списокот на опасни лица.

Јерликаја им честиташе на „хероите“ кои успешно ја изведоа оваа операција и истакна дека „борбата против тероризмот продолжува“.

– Одлучно ја продолжуваме нашата борба против терористите во земјата и надвор од нашите граници и против тероризмот на глобално ниво, напиша Јерликаја.

Утрово две лица се повредени во експлозија на автомобил „тојота ленд крузер“ во двор од куќа на северот на Москва.

Во експлозија на автомобил во Москва, вработен во Министерството за одбрана Андреј Торгашев е тешко повреден и е во критична состојба, дознава Комерсант.

Надлежните служби отворија случај за обид за убиство, кој подоцна може да биде преквалификуван како терористички напад.

Случајот е предаден на првиот оддел за истрага на особено важни случаи на Московскиот истражен комитет.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски