Алијанса за Албанците: Одземање две лиценци не е војна против коцкањето, туку војна меѓу коцкари

Од:

Помпезните најави за наводна борба против коцкањето, со одземање лиценца на две фирми кои не платиле данок, се обид да се фрли прашина во очите на граѓанинот и да се прикрие големата измама на нелегитимната Влада, велат од Алијанса за Албанците.

„Ова не е војна против коцкањето, туку повеќе наликува на војна меѓу коцкари, каде што на некого му се зема лиценца за да се создаде простор за други компании, а можеби дури и да дават лиценци на трети фирми блиски до власта. Вистинската борба против коцкањето се прави само со законски решенија, со затворање на сите обложувалници и казина одеднаш.

Доколку навистина сакате војна против коцкањето, ве повикуваме да гласате за предлогот на Алијансата за Албанците и Европскиот фронт, со кој е предвидено да бидат затворени сите објекти на игри на среќа низ целата држава и да работат само во хотели со пет ѕвездички“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Муртезани: Очекувам да продолжи трендот на заминување од редовите на Алијанса на Албанците