Откако актуелниот претседател на САД, Џо Бајден се откажа од претседателската трка, тој на социјалната мрежа Х објави дека ја поддржува Камала Харис за номинацијата на демократите.
– Мои колеги демократи, решив да не ја прифатам номинацијата и целата енергија да ја насочам на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат. Мојата прва одлука како партиски кандидат во 2020 година беше да ја изберам Камала Харис за мој кандидат. И тоа беше најдобрата одлука што ја донесов. Денес сакам да ја понудам мојата целосна поддршка Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година. Демократите – време е да се собереме и да го победиме Трамп. Ајде да го направиме тоа – напиша Бајден.