(ВИДЕО) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

Од:

Волкот го менува влакното, но не и карактерот. ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на граѓаните. Џабе се понадеваа граѓаните, кои во огромен број го гласаа ВМРО-ДПМНЕ, дека можеби ова е некое ново, променето ВМРО-ДПМНЕ. Така лажеше Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е само обична криминална група, која ги злоупотребува чувствата на граѓаните да се докопа до власт, за потоа да може да тера како најдобро што знае, богатејќи се на нивниот грб, рече Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола.

– Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е еклатантен пример на вечен криминалец во политиката. Човекот кој беше осуден за 5 милионски криминал во ЈСП, денес е прв човек во Владата после Мицкоски. И што може да се очекува од осуден криминалец освен да продолжи онаму каде што застанал. Граѓаните се во шок и неверување од последната информација која ја споделија медиумите, а тоа е дека Јанушев, замислете, добил на поклон градежно земјиште во сред Центар во вредност до 325.000 евра. Вакво перверзно легализирање на криминално стекнати пари досега не е забележано во македонската политика. Ова е за златен медал.

Не може ништо различно да се очекува од Јанушев кој еднаш е веќе осуден криминалец. Дали овој човек е промената која ВМРО-ДПМНЕ ја вети? Дали институциите ќе реагираат? Очекуваме ДКСК и јавното обвинителство итно, повторуваме итно, да го истражат овој голем поклон кој ете така случајно се паднал баш кај Игор Јанушев. Оваа Влада е владата која во најкус рок ги разочарала граѓаните. Не поминаа ни 30 дена откако седнаа во фотељите, и веќе докажаа дека се далеку полоши од било која власт на почетокот на мандатот – вели Илиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски