СДСМ: Мицкоски да каже дали патувал со бизнис класа и карта од 4.000 евра

Од:

Мицкоски молчи и не одговара на прашањата кои се отворени за неговото патување во Вашингтон, со што ги потврдува сомнежите за негово луксузирање на сметка на граѓаните. Наместо да се крие Мицкоски треба да каже дали тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра? Нека им ја покаже сметката на граѓаните, на оние кои му ја платиле авионската карта, велат од СДСМ.

– Во кампањата полна му беше устата за одговорност и транспарентност а сега прави обратно. Граѓаните гледаат расфрлање со народните пари, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа. Особено што постојат информации дека и други министри патувале со бизнис класа и скапи карти. Владата и Мицкоски веднаш да ги објават сметките и трошоците за ова патување затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он